Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владо Јаневски и Есма ќе добијат субвенции како „ѕвезди“ на македонската музика

Владо Јаневски и Есма ќе добијат субвенции како „ѕвезди“ на македонската музика
Македонската радио-телевизија ја објави листата на изведувачи и нови композиции на првиот квартален конкурс за 2014 година, кои ќе добијат владини субвенции. Во категоријата „ѕвезди“, поддршка од 4.500 евра ќе добијат Владо Јаневски и Есма Реџепова. Ристо Самарџиев ќе добие паричен надомест за композиција со која се афирмираат семејните вредности во општеството или многудетните семејства. Самарџиев е автор на текстот на песната „Нема ништо посилно од љубовта“, на музика на Кристијан Габроски. Владина поддршка ќе добијат и повеќе музичари од забавната и народната музика во категориите: детски композиции, врвни изведувачи, истакнати изведувачи, афирмирани изведувачи и таленти. Целиот список на авторите и песните кои ќе добијат владина поддршка можете да го видите на следниот ЛИНК. Повеќе познати македонски пејачи биле одбиени, а нивните имиња можете да ги прочитате на следниот ЛИНК. Комисијата која одлучувала за конкурсот за поддршка на домашната музичка продукција во првиот квартал од 2014 година е во состав: Робертино Саздов, Сузана Стефановска, Будимка Имери, Ристо Апостолов, Јошко Бошковски и Љупчо Стојановски. На годишно ниво, македонската Влада ќе финансира 200 музички композиции од домашни автори и изведувачи, а целта е „да се даде поддршка на музичките работници и да се создаде музика која ќе остане како културно наследство“.
Слично

Поврзани вести