Владите на членките на ЕУ треба да ги реформираат домашните економии
Марио Драги, претседателот на Европската централна банка, изјави дека банката направила се што може за стабилизирање на европската економија и дека сега националните влади треба да ги реформираат домашните економии.
Тој ги повика политичарите да се фокусираат врз регулативите на пазарот на работна сила, кои резултираат со висока стапка на невработеност меѓу младите.
Во своето обраќање пред пратениците во францускиот парламент, Драги истакна дека владите на европските држави мора да ги ангажираат сите расположливи средства, за да го зголемат растот и да ги направат своите економии конкурентски.
Европската централна банка ја намали референтната каматата на рекордни 0,5 отсто, а се претпоставува дека би можело да има уште едно намалување во текот на оваа година.
