Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владината ограда доби позлатени украси, СДСМ реагира за луксузот на надлежните!

Владината ограда доби позлатени украси, СДСМ реагира за луксузот на надлежните!

Во текот на вчерашниот ден оградата на владината зграда доби позлатени круни.

Според зборовите на владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев позлатувањето не чини дополнителни пари, туку е дел од претходниот проект и новите елементи се дел од планираните активности за оградата.

Токму позлатените круни на новата ограда ги револтираше опозиционерите и тие денеска реагираа укажувајќи на фактот дека тендерите и бизнисите се поважни за власта отколку здравјето на граѓаните.

Претседателот на СДММ Богоев Стефан укажа дека тие златни украси и оградата ги чинат граѓаните 690 илјади евра, додека здравствениот систем се распаѓа и секојдневно згаснуваат млади човечки животи .

„За лекувањето на малата Тамара беа потребни дваесет пати помалку од овие пари, односно само 30 илјади евра.

Додека граѓаните немаат за леб и основни услови за живот, за лекување, ВМРО-ДПМНЕ ги позлатува оградите на Владата“, реагираше Богоев.

За оградувањето на владиниот објект надлежните потрошија 690 илјади евра.

(Фотографијата е преземена од Плусинфо)

Слично

Поврзани вести