Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владината коалиција остана без ДОМ

Владината коалиција остана без ДОМ
Коалициониот партнер на владеачката партија ДОМ на синоќешната седница на Централниот одбор донесе одлука за излегување од Владината коалиција . - Веруваме дека на ваков начин ќе иницираме редица конструктивни политички потези, кои би довеле до предвремени избори. Тоа го гледаме како единствен начин за канализирање на насобраниот граѓански револт- стои во соопштението од ДОМ.   Имено, оваа нивна одлука доаѓа  како логична завршница по реакциите со осуда на содржините на снимките што ги емитува опозицијата, а ДОМ предлагаше - оставка на јавниот обвинител, враќање на опозицијата во Парламентоти избор на нов обвинител со консензус за излез од политичката криза.
ДОМ и Лилјана Поповска најавува дека и во парламентот и на локално ниво ќе дејствува независно и конструктивно, во согласност со своите програмски приоритети.
 
Слично

Поврзани вести