Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владината делегација денеска ќе лови инвеститори во Хамбург

Владината делегација денеска ќе лови инвеститори во Хамбург

Владината делегација за лов на инвеститори, предводена од премиерот Никола Груевски, од Литванија и Франција, денеска заминува за Германија. Во составот на делегацијата се и вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции, Бил Павлески и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Виктор Мизо.

Тие, во соработка со Стопанската комора во Хамбург, ќе присуствуваат и ќе се обратат на бизнис форум за промоција на поволностите кои Република Македонија ги нуди за отворање и реализација на инвестиции.

Владината делегација ќе оствари и повеќе средби со претставници на повеќе германски компании кои имаат интерес да инвестираат во Македонија.

Слично

Поврзани вести