Владина делегација во потрага по странски инвеститори во Саудиска Арабија
Делегација на Владата предводена од премиерот Никола Груевски деновиве е во политичко – економска посета на Саудиска Арабија и во рамки на посетата ги презентираше можнистите за инвестирање во земјава пред поголем број бизнисмени од различни сектори со цел да привлече потенцијални странски инвестиции.
Саудиска арабија е голем и атрактивен пазар за македонските компании и нуди добри можности за привлекување потенцијални инвеститори.
„Земјата има високо ниво на доход и сметавме дека е соодветно да направиме посета и да ги презентираме можностите што Македонија ги нуди во областа на добрата бизнис клима, ниските даноци и квалитетната работна сила“, изјави министерот за финансии, Зоран Ставрески.
Најголем интерес за инвестирање компаниите пројавиле во областа на инфраструктурата, агрокултурата и туризмот, истакна министерот без ресор, Висар Фида.
Премиерот имаше средба со директорот на Саудискиот фонд за развој , Ал Басам, со кого разговараше за можностите за продлабочување на соработката во економијата, трговската размена и инвестициите.
Извршен директор на компанијата „Леурон“, Калид Ал Тавил, кој има повеќе успешни бизниси од сферата на недвижностите, технолошката индустрија и градежништвото бил во земјава и смета дека улсовите што им се нудат на инвестиорите се добри.
„Имаме план за проширување на нашата дејност во 2015-та и во 2016-та година во областите кои што ги покриваат човечките ресурси, во поглед на тренирање и обука, како и во областа на недвижностите, туризмот и градежништвото. Плановите се развиваат и се надевам на нивна успешна реализација“, истакнал Ал Тавил.
Слично
