Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владина делегација во посета на Романија, се бараат инвеститори

Владина делегација во посета на Романија, се бараат инвеститори
Премиерот Никола Груевски, заедно со министерот за надворешни работи Никола Попоски и за транспорт и врски, Миле Јанакиески, замина во дводневна посета на Романија, а со цел да ја промовираат земјава како одлична инвестициска дестинација. Така во Букурешт , пред романски компании од автомобилскиот и градежниот сектор, од туризмот и рударството, биле извршени презентации на македонските олеснувања кон странските инвеститоро, вклучувајќи ги и тие од Романија. „Станува збор за корисни средби и се надевам дека од дел од овие поединечни средби и разговорите што ги имав со стопанственици или генерални менаџери на овие крупни романски компании, подоцна ќе произлезе некоја инвестиција во Република Македонија“, изјави премиерот Никола Груевски од Букурешт. За утре  е најавено обраќање на Груевски на Самитот на шефови на влади од Кина и Источна и Централна Европа каде  ќе има високи високи политички претставници од 17 држави. Ваков самит лани се одржа во Варшава. Најавена е и средба со премиерот на Романија Виктор Понта, како и со македонската дијаспора во Романија..
Слично

Поврзани вести