Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владина делегација отпатува во Париз, се бараат француски инвеститори

Владина делегација отпатува во Париз, се бараат француски инвеститори
Владината економска делегација на чело со вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, отпатува во Франција и имаше своја презентација на  на бизнис форумот во Париз каде што ги презентираше условите за водење бизнис и олеснувањата за странски инвеститори во Македонија. За време на форумот вицепремиерот се осврнал кон придобивките за странските компании кои вложуваат во земјава, нагласувајќи го и пристапот до 660 милиони потрошувачи обезбеден преку договорите за слободна трговија, како и нискиот даночен пакет, стои во соопштението од кабинетот на Пешевски. Покрај вицепремиерот Владимир Пешевски, во Париз отпатуваа и министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции Бил Павлески и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо. Според најавата, покрај форумот организиран во соработка со UBIFRANCE – Француска агенција за меѓународен развој на бизнисот, владината делегација требаше да одржи индивидуални средби со повеќе стопанственици од Франција.
Слично

Поврзани вести