Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владин попуст од 3000 евра и поволен кредит за „Fiat 500L“

Владин попуст од 3000 евра и поволен кредит за „Fiat 500L“
На Саемот за автомобили во Србија беше потпишан протокол меѓу српската влада и компанијата „Фиат автомобили Србија". Од државниот буџет ќе бидат одобрени 3000 евра попуст за секое возило, со можност за кредит од шест години и годишна каматна стапка од 1,9 проценти. Министерот за финансии и економија, Млаѓан Динкиќ и извршниот директор на „Фиат Автомобили Србија" (ФАС) Антонио Чезаре Ферара потпишаа протокол, кој ќе им овозможи на граѓаните на Србија да купуваат автомобили "Фиат 500 L" по цена од 10.900 евра . Как што изјави Динкиќ, попуст по возило ќе биде 3 илјади евра, а граѓаните ќе имаат можност да се земат кредит за автомобил, со месечна рата од 112 евра. Тој додаде дека попустот ќе важи за околу 5.000 автомобили. Тој исто така посочи дека „Фиат" се обврза во фабриката во Крагуевац до крајот на годината да вработи уште најмалку 600 работници, како и 800 нови за следната година, пренесе српски Телеграф.  
Слично

Поврзани вести