Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владин министер ја почестил општина Чаир со 1,5 милион евра!?

Владин министер ја почестил општина Чаир со 1,5 милион евра!?

Поранешниот министер за локална самоуправа Невазд Бејта, иако согласно законите немал право, сепак на општина Чаир и префрли 1,5 милион евра, се открива во ревизорскиот извештај направен за работата на министерството за локална самоуправа. Освен ова, ревизорите констатирале и вработувања со авторски договори спротивно на важечките правила и закони.

Во министерството за локална самоуправа биле планирани средства наменети за капитални дотации за општините во вкупна вредност од 1,5 милион евра, но без да се конкретизира кои општини и кои проекти ќе се поддржат. Речиси целата планирана сума за оваа намена, министерството ја префрлило на сметката на општина Чаир. Ова според Државниот завод за ревизија е спротивно на член 25 од Законот за организација и работа на органите на државната управа.

„Министерството за локална самоуправа нема надлежност во делот на трансферирање на Капитални дотации до единиците на локалната самоуправа односно да финансира изградба на капитални објекти кај едниниците на локалната самоуправа освен за оствраување на и користење на средства за наменетеи за стопански недоволчно развиении подрачја. Ефект од оваа состоба е нетранспрантност при буџетирањето и ризик од ензаконско финансирање на капитални проекти во општините,стои во извештајот на ревизорите.

Државниот завод за ревизија препорачува, во иднина Министерството за локална самоуправа, при изготвување на Буџетот да планира средства за остварување на надлежностите кои му се со закон утврдени.

Се вработувало без оглас Ревизорите констатирале и други прекршувања. Имено, министерството за локална самоупрва во 2011 и 2012 година склучило авторски договори со шест лица и тоа шеф на кабинет, шофер за потребите на министерството, одговорен за односи со медиумите, стручна и административна поддршка на министерот и советник во кабинетот на министерот. Но, ревизијата констатирала дека тие лица извршуваат задачи што не може да се опфатат со авторски договори. „Склучувањето авторски договори за споменатите активности не е во согласнот со Законот за авторски права, согласно кој, поимот авторско дело е дефиниран како интелектуална и индивидуална творба од областа на науката, уметноста и книжевноста, изразена на било кој начин и форма. Исто така со Правилникот за систематизација на работни места во министерството за локална самоуправа предвидено е државните службеници да се вработуваат и распоредуваат  согласно условите и критериумите за предвидени во Законот за државни службеници, согласно кој, вработувањата во државната служба треба да се спроведуваат низ законска и транспарентна постапка, со објавување на јавен оглас, интерен оглас или со превземање на државен служебник од еден во друг орган на работно место со исто званње или со распоредување на државен службеник од истиот орган на друго работно место“, стои во извештајот на ревизорите. Ревизијата утврдила дека само по основ на авторски договори, лани биле исплатени 35 илјади евра за хонорарите. Ревизорите посочуваат дека ваквиот начин на вработување остава простор за субјективно постапување при ангажирање на лица и не обезбедува фер конкуренција, односно го крши правото секому под еднакви услови да му е достапно секое работно место. Се набавувал канцелариски инвентар без комплетна документација Според наодот во ревизроскиот извештај за министервото за локална самоуправа, потрошени се близу 100 илјади евра за канцелариски инвентар, но без комплетна документација. ·         бил набавен канцелариски инвентар по фактура без испратница ·         исплатени се средства за горива и масла по сметки на кои не е евидентирано кој е корисник на горивото. Ниту пак се води евиденција, кој каде и зошто ги користи службените возила. ·         Сума од 7,5 илјади евра дадена за авансни плаќања за службени патувања, (дел се пред 2006 година), не е вратена. Невраќањето на авансите за службени патувања е спротивно на законите. За дел од вработените биле испратени известувања за враќање на парите, но сепак не е превземена мерка за прислна наплата на парите. Нема електронски систем за јавни набавки Министерството за локална самоуправа во 2012 година не користело електронски систем за јавни набавки што е спротивно на Законот за јавни набавки. „Ефект од таквото постапување е што нема можност за намалување на првично понудените цени и намалување на конкуренцијата помеѓу економските оператори, напишале ревизорите.

Министервото за локална самоуправа објаснило дека немале електронски систем за јавни набавки, бидејќи немале обучени вработени, а веќе во 2013 година бил воспоставен таков систем и имало обучени вработени.

Ревизијата е направена за минатата 2012 година, кога со министервото раководеше тогашниот министер Невзад Бејта. На Нацрт извештајот не се доставени забелешки од страна на законскиот затсапник на субјектот, пишуваат во конечниот извештај на ревизорите.

С.Н.
Слично

Поврзани вести