Владимир Талески: „Прекинат протест-Фијаско“
Откако вчера Здружението „За нас се работи“ поднесе барање за оставка на битолскиот градоначалник, Владимир Талевски на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук се јави со реакција до граѓаните.
Еве што напиша тој на неговиот профил:
„ПРЕКИНАТ ПРОТЕСТ - ФИЈАСКО“
„Ете се случи и тоа... Требаше да бидат екологисти , а тие лепеа плакати по споменици и пишуваа графити по објекти и фасади низ Битола, канејќи ги Битолчани на " еколошко" кафе на улица (!?) Требаше да бидат сериозни и културни, а тие одбраа да бидат аматерска драмска дружина и циркузанти. Требаше да биде протест за екологија, беше протест за политички желби на организаторите поддржани од СОРОС со 23 000 долари. Требаше да бидат околу 14 000 - 15 000 учесници на протестот (јака стручна прогноза заснована на сериозна анализа) кои ќе кампуваат пред општината, беа вкупно 300-400 вечерта, 3 - ца следниот ден утрото, за да бидат "помалку од 20" до пладне. Ништо од кафето - на пладне си ги собраа работите и си заминаа разочарани и навредени од народот : "како тоа никој не сака да пие кафе со нив "!? Дури и полицијата се увери дека непотребно беше блокирана улицата и непотребно граѓаните мораа да се пренасочуваат по други улици. Во напливот на силната самобендисаност и самоволие, во еден момент се сетија - "оставка" - тренд е да се бара оставка!! Такво е времето. Така и направија. Напишале оставка со образложение и ја доставиле на шалтерите во нашата општина. Дури во својата еуфорија потпишале име и презиме на градоначалникот, демек тој да не се мачи - само потпис да стави. Зошто Битола? Па затоа што поразите што ги доживува опозицијата во Битола последниве десет години во сите изборни циклуси, се нивна неизлечива рана. Третиот мандат (!) на градоначалникот ги носи до лудило, а тоа подразбира дека веќе не се бираат средства за рушење, за гнасење, опструкција, кодошење, кривични пријави, шпекулации, анонимки и лично дискредитирање. Така функционираат тие. Кај нив нема креација, способност, резултат, квалитет. Значи- оставка. Имаше неколку граматички грешки, но да не ситничариме бидејќи имаше една крупна суштинска грешка. Луѓето се' убаво направиле, арно ама никому не му паднало на памет дека АДРЕСАТА е грешна и името и презимето на градоначалникот се грешни!! Тие се наши граѓани и мора нивната желба да ја почитуваме и да ја адресираме оставката на вистинското место. Оставка од градоначалник се бара ако тој ја прекардашил работата, земал мито, правел криминал, бил корумпиран, делел тендери на свои блиски, имал и по крупни сомнителни зделки за кои бил дури и аболициран .... Со еден збор ептен ја претерал работата, а за сметка на тоа заборавил за што е избран. Значи - Струмица. Адресата е општина Струмица, а името на градоначалникот е Зоран Заев. Ќе се сетите : тој е оној кој во последно време се занимава со прислушкување, снимки, монтажи, сечење, лепење, емитување, бомбардирање... А јас не сум тој. "Јас не сум Заев". Е па супер. Се разбравме. За утеха на организаторите - ние ја коригиравме адресата, и се разбира оставката го доби своето вистинско значење и вистински сопственик. Драги Струмичани ќе ви ја доставиме и вам да ја имате како поддршка за вашето вистинско барање за оставка на струмичкиот градоначалник кој очигледно бара поголеми буџети од општинскиот буџет за да продолжи со своите активности - не дај Боже, со државниот буџет. Коригираната оставка која збунетите кампери по грешка и без вистинска причина (освен личната) ја упатија во општина Битола, ја адресираме на општина Струмица. Зошто по грешка? Затоа што во општина Битола нема корупција, нема криминал, ние не им наплаќаме на граѓаните по едно евро "кај брат ми", а и немаме улица " Кај свињарникот". И така од се' она што "требаше" - екологистите кои се најавуваа како херои, завршија како збунети губитници кои не знаат зошто никој не сака да пие кафе со нив? А се' е едноставно. Затоа што го изгубија образот и никој веќе ништо не им верува. Им паднаа маските. Доживеаја дебакл. Фијаско. Катастрофа. Доживуваат БУДЕЊЕ. Додека се разбудат, можат да продолжат да обвинуваат, навредуваат, гнасат, шпекулираат, да бараат вина во други и да си се хранат од себе самите на фб. Да, тоа можат.“
