Владимир Лазаревиќ: Исценираниот инцидент ќе го забрза падот на Груевски
Она што се случи денес во Македонија беше очекувано од повеќето набљудувачи и аналитичари, имено, дека владата на земјата е во состојба да глуми и провоцира по апсолутно вештачки начин меѓуетнички конфликт, за да се дојде до дестабилизација на Републиката.
Ние постојано предупредуваме за оваа опасност. Искрено верувам дека сличен конфликт нема никаква основа во македонското општество. Нешто повеќе, тој е целосна спротивност со ситуацијата во земјата и со ситуацијата во која се наоѓаат двете етнички заедници.
Секој ден комуницирам и зборувам со албански политичари, со албанските политички реформатори кои целосно чесно и искрено сакаат Македонија да биде дел од Европската унија и НАТО. Денес претставниците на албанската етничка група, кои се дел од владејачката коалиција, не се политичарите кои искрено сакаат да напредува Македонија во процесот на интеграција.
Убеден сум дека денешниот инцидент ќе остане целосно изолиран, што сепак ќе го забрза процесот на падот од власт на режимот на Никола Груевски. И тоа веќе станува факт вели Владимир Лазаревиќ поранешен заменик-министер за здравство во Македонија во изјава за бугарскиот сајт БГНЕС.
