Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владимир Ефтимоски-претседател на УО на Стопанска банка Битола

Владимир Ефтимоски-претседател на УО на Стопанска банка Битола
Неодамнешниот член на Управниот одбор на Шпаркасе банка Македонија, Владимир Ефтимоски е назначен за член на Управен одбор и Претседател на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола. На 18-ти овој месец Народната банка издаде решение за согласност, врз основа на одлуката на Надзорниот одбор на банката да го назначи Ефтимоски за претседател на Управниот одбор на Стопанска банка Битола. Ефтимоски беше и член на Управниот одбор на Инвест банка, кога пред речиси пет години Австриската групација Штаермаркеше-Шпaркасе ја купи Инвест банка за околу 38,5 милиони евра.
Слично

Поврзани вести