Владиката Петар повикан на разговор во полиција
Mитрополитот на Австралиско-новозеландската епархија, владиката Петар утрово бил повикан во полицијата во Мелбурн на информативен разговор, пренесе Религија.мк.
Двајца детективи од одделот за криминологија на полицијата во Викторија го посетиле домот на владиката, а по краток разговор го повикале во полициска станица.
Од МПЦ засега немаат никаков коментар и официјален став. За веста слушнале од медиумите, но додека не добијат официјална потврда не сакаат да даваат какви било коментари.
Нема информации зошто владиката е повикан во полиција.
Слично
