Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЛАДИКАТА ПЕТАР ПАК ГО ОСУДИ АБОРТУСОТ: Не само што не раѓаме, туку и ги убиваме зачнатите

ВЛАДИКАТА ПЕТАР ПАК ГО ОСУДИ АБОРТУСОТ: Не само што не раѓаме, туку и ги убиваме зачнатите

Во својата традиционална божикна порака, владиката Петар уште еднаш го осуди абортусот, за кој вели дека е убиство.

„Иако во првиот божји благослов стои да се раѓаме и множиме, ние денеска не само што не се раѓаме туку и ги убиваме зачнатите во утробите” - вели митрополитот преспанско –пелагониски, Петар.

Тој нагласи дека со непочитувањето на оваа божја заповед всушност се намалува популацијата, што оди рака под рака со белата чума.

„ Ние денес не само што не се раѓаме, туку и убиваме, ги убиваме зачнатите во утробите, ги абортираме. И не само што не се множиме туку и се намалуваме. Не смееме ниту да помислиме, а уште помалку да го спречуваме зачнувањето на животот во утробите на мајките со контрацептивни средства или со било какви други средства”- истакна владиката Петар

Слично

Поврзани вести