Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владејачките партии не сакаат слободни медиуми, тврдат медиумските организации

Владејачките партии не сакаат слободни медиуми, тврдат медиумските организации

Предлозите на петте новинарски и медиумски организации за дополнувње на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, не беа усвоени во Собранието.

Законот го гласаа 34 пратеници од  СДСМ, ДОМ, НСДП, ДС, двајца независни пратеници и Зулфи Адили од „Унитети“. Од Здружението на новинарите на Македонија,  денеска кажаа дека пратениците бесрамно одбиле да расправаат за измените и дополнувањата. ЗНМ размислува за други активности, како би издејствувале исполнување на барањата.

„Ако партиите се усогласат изборите да се одржат на 5 јуни, тогаш секако дека ќе реагираме побрзо, ако изборите се одлагаат тогаш ќе се обидеме да најдеме други форми на притисок и заедно со меѓународниот фактор ќе вршиме притисок врз партиите на власт да се соочат со овој проблем и да најдеме решение кое што ќе биде согласно со европските стандарди“- рече Насер Селмани, претседател на ЗНМ.

Селмани вели дека оваа власт ги доведува во заблуда граѓаните и смета дека граѓаните се свесни дека некои медиуми не известуваат професионално, туку се машинерија на власта.

Ако власта е убедена дека на ваков начин ќе добие избори, најсоодветно според Селмани би било на денот на изборите граѓаните да не ги поддржат.

Слично

Поврзани вести