Владејачката партија на Конгрес во мај, Премиерот единствен кандидат
8 и 9 ти мај е датумот на кој Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ќе го одржи редовниот партиски конгрес и според досегашните познати информации истиот би требало да биде одржан во Куманово.
Во владејачката партија се почнати подготовките за конгресот, кои се одвиваат во сенка на зовриените политички случувања во земјава, кои ги исфрлија на површина и првите пукнатини во партиското јадро. Сепак, проценките во партиски кругови се дека последните настани на домашната политичка сцена не ја доведуваат во прашање неприкосновената позиција во партијата на долгогодишниот лидер и премиер Никола Груевски, пишува Утрински весник.
Како што пишува во понатамошниот текст на горе спомнатиот медиум очекувањата се Груевски и на овој партиски конгрес да биде единствен кандидат за лидер, особено ако се имаат предвид внатрепартиските процедури, кои оставаат малку простор за фракционерски придвижувања во партиските тела, особено во ситуација кога партијата е долго време на власт.
