Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владеачката партија „ја тресат“ несогласувања?

Владеачката партија „ја тресат“ несогласувања?

Се зголемува бројот на слободоумни патриоти кои се против политиките на актуелната власт, велат дел од поранешните високи функционери во ВМРО-ДПМНЕ за еден од македонските портали, пренесе 24вести.мк.

Меѓу имињата , пишува гореспоменатиот весник се споменуваат поранешниот амбасадор на Македонија во САД, Никола Димитров, поранешниот заменик-министер за здравство Владимир Лазаревиќ, како и Перо Димишоски, поранешниот државен секретатар за евроинтергации. Тие според изјавите на членови од форумот биле во постојана комуникација со основачот -универзитетскиот професор Јове Кекеновски. Во форумот имало најави за приклучување на нови членови од подмладокот на партијата кои биле незадоволни од политиките на актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Форумот е неформална организација формирана внатре во партијата која смета дека партиското раководство катастрофално ги води партијата и државата, а токму од форумот најавуваат да направи судир со интелектуалното и криминалното крило во владејачката партија. Екс – амбасадорот Димитров на својата фејсбук страна денеска напиша: Нема да дозволиме ВМРО, врз која заедно со АСНОМ почиваат темелите на Република Македонија, да биде историски делегитимирано, поради група луѓе кои го изгубиле политичкиот компас. Луѓе кои знаат каде е штабот на ВМРО-ДПМНЕ, ама заборавиле кои се идеалите и вредностите на ВМРО. Јас не сум чест гостин во штабот, ама знам дека кога МВР ќе стане штаб на партијата, се укинува државата, вели Димитров, кој моментално работи во Хаг. (Извор:24вести)

Слично

Поврзани вести