Владата зема заем од 93,65 милиони евра од домашни кредитори
Владата денеска позајми повеќе пари од домашните кредитори отколку што планираше.
На аукција на државни хартии од вредност зема нов заем од 93,65 милиони евра, односно 400. 000 евра повеке отколку што бараше.
Беа понудени записи од шест и дванаесет месеци, за кои добија вкупно 91 милиони евр, останатите ги добија од десетгодишни обврзници.
Владата утре треба да врати 94 милиони евра. Следната аукција е закажана за 29 март.
Слично
