Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата зајми 81 милион евра од домашни кредитори

Владата зајми 81 милион евра од домашни кредитори

Во пресрет на утрешната наплата на старите долгови, Владата кај домашните кредитори денеска се задолжи повеќе од што планираше.

Министерството за финансии позајми  81 милион евра или пет милиони повеќе од планираното, а веќе утре треба да врати  во стопанството 76 милиони евра.

Задолжувањето и овој пат не доби дозвола од дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов, кој предупреди дека заклучно со денешната аукција на хартии од вредност, нето долгот од почетокот на годинава е 60 милиони евра.

На што ќе ги троши Владата дополнителните пет милиони евра позајмени пари не е познато.

„Министерот Ставрески да одговори зошто Владата се задолжува повеќе од сумата потребна за враќање на доспеаните долгови“, побара техничкиот министер Кире Наумов.

Државата во последно време го засили притисокот врз домашниот пазар, и постојано се задолжува повеќе од сумата што треба да се врати, иако и опозицијата и експертската јавност постојано укажуваат дека во една ваква политичка констелација важно е државата да се задолжува во износ во кој треба да се раздолжи ден или два по задолжувањето.

Слично

Поврзани вести