Мерки за штедење – нема државни пакетчиња и забави за администрацијата
За вработените во државната администрација нема да има новогодишни забави на трошок на државните институции и јавните претпријатија. Владата одлучи да штеди, па вработените во овие претпријатија ќе можат да слават или да купуваат пакетчиња ако си ги платат од свој џеб
Како што тврди министерот за финансии, Зоран Ставрески, буџетски пари нема да се одлеваат за непродуктивни трошоци.
„Продолжувањето на мерката е во согласност со трендот во другите земји за да се направат заштеди на трошењето државни пари. Со оглед на условите во јавниот сектор и економијата, мерките ќе се применат и оваа година“, изјави Ставрески.
Нема да има ниту награди и регрес за годишен одмор за новата година, а сето тоа поради економската криза.Ваквата одлука доаѓа откако во изминатите години, во неколку наврати, беше откриено дека за прослави се трошат енормно високи суми за прослави.
Надлежните сепак не кажуваат колку ќе се заштеди од ваквата мерка.
Слично
