Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЛАДАТА ЗА ПОСКАПУВАЊАТА ДО БИЗНИСОТ - најави за толку високи проценти до 50 отсто се шпекулации, тоа е неодговорно кон граѓаните

ВЛАДАТА ЗА ПОСКАПУВАЊАТА ДО БИЗНИСОТ - најави за толку високи проценти до 50 отсто се шпекулации, тоа е неодговорно кон граѓаните

Од Владата сметаат дека се шпекулации наводите на стопанствениците дека цените на храната ќе одат нагоре за до 50 проценти.

Од телевизијата Телма побарале став од кабинетот на вицепремиерот Битиќи, за тоа што бизнисот бара итна средба со Владата, на која би се дискутирало за зголемувањето на цените и како дса не се одмота инфлаторната спирала. 

Но, како што објави Телма, од Владата овие најави на бизнисот ги сместиле во зоната на шпекулации.

„Шпекулирање со високи поскапувања на прехранбените производи е неодговорно кон граѓаните и нивното чувство на безбедност. Ги уверуваме граѓаните дека државата ќе продолжи да биде нивни партнер и дека се грижи за нив и нивната благосостојба“, изјавиле од Владата. 

Најавиле и дека сега ништо не може да се преземе, поради изборниот процес, а после изборите се можни нови мерки. 

Како што е познато, од бизнисот алармираа дека цените на лебот, башното, маслото, млекото, месото и на сите прехранбени производи уште ќе одат нагоре. Предупредија дека во наредните месеци цените на основните животни намирници може да пораснат и до 50 проценти, и тоа без тука да е вкалкулирана и повисоката цена на енергенсите. Побараа итна средба со Владата, за да не се одврти инфлаторната спирала, и за да се ублажи ударот врз граѓаните.

Слично

Поврзани вести