Владата вработува, аплицирајте до 14 јули!
Најмногу интерес досега има за различните позиции кои се бараат на двата огласи за ангажирање лица на раководни и нераководни позиции и за советници во повеќе области што ги објави Кабинетот на премиерот на Република Македонија.
Овие огласи се објавени на 27 јуни, а сите заинтересирани може да аплицираат до 14 овој мецес.
Имено на огласите се бараат лица за раководни и нераководни позиции од областа на странски инветиции, поддршка на домашната економија, човечки ресурси, протокол и право, и за истите може да аплицираат оние ои поседуваат квалитет, способност, кои веруваат во себе и кои ценат дека можат да придонесат во реализација на реформите и владините политики и проекти.
Бројот на лицата кои ќе се ангажираат на раководни и нераководни позиции не е лимитиран со огласот и ќе зависи од преференциите на апликантите, односно од проценката на нивниот квалитет, способноста која ќе ја демонстираат и образованието, како и вештините кои ќе ги докажат во процесот на селекција.
Ангажирањето на новите лица е во функција на проширување на човечкиот потенцијал на Кабинетот на премиерот со цел реализација на владината програмата за периодoт 2014-2019.
