Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата во Загреб одлучи: На 28 декември претседателски избори во Хрватска

Владата во Загреб одлучи: На 28 декември претседателски избори во Хрватска

Избори за претседател на Хрватска ќе бидат одржани на 28 декември, потврди портпаролот на владата Никола Јелиќ, а официјална одлука владата ќе донесе на утрешната седница.

Тоа значи дека вториот круг на избори, ако дојде до него, ќе биде на 11 јануари наредната година.

Кандидати за шестите по ред претседателски избори можат да предлагаат политичките партии регистрирани во Хрватска, една или повеќе политички партии, како и избирачи. Брз оглед на тоа кој предлага претседателски кандидат, мора да собере најмалку 10.000 потписи бирачи кои ја подржуваат неговата кандидатура. Секој бирач може со свој потпис да поддржи само еден кандидат.

Со актуелниот претседател Иво Јосиповиќ, кандидатура досега најавиле и Колинда Грабар Китаровиќ, Милан Кујунџиќ, Иван Грубишиќ, Анто Џапиќ и Иван Руде.

 
Слично

Поврзани вести