Владата во Унгарија отвори истрага за кредитот што Oрбан го одобри на Македонија
Унгарската влада покрена истрага за кредитот од една милијарда евра што претходната влада на сега веќе екс премиерот Виктор Орбан ѝ го одобри на Македонија преку државната банка „Ексимбанк“, пренесува „Ројтерс“.
Премиерот Петер Маѓар изјави дека заемот, одобрен со каматна стапка од 3,25 проценти и целосно обезбеден со државна гаранција, е една од неколкуте трансакции на „Ексимбанк“ што во моментов се предмет на проверка.
Според него, постои сомнеж дека средствата наменети за поддршка на унгарските компании биле искористени за зајакнување на политички сојузник во странство и можеби за фаворизирање компании блиски до претходната власт.
Маѓар, кој по априлските избори ја презеде власта по 16-годишното владеење на Виктор Орбан, најави борба против корупцијата и преиспитување на работењето на претходната влада.
foto printskrin youtube
