Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЛАДАТА ВО СОФИЈА ОДВОИ ПАРИ: Ќе има и за граѓански организации со бугарска самосвест во Македонија

ВЛАДАТА ВО СОФИЈА ОДВОИ ПАРИ: Ќе има и за граѓански организации со бугарска самосвест во Македонија

Бугарската влада дава пари за организации на Бугари и во Македонија. 

Bладата во Софија денеска реши да одвои 500.000 лева (околу 260.000 евра) за финансирање на проекти на Бугарите во Албанија, Србија, Косово, Украина, Молдавија, како и на граѓански организации со бугарска самосвест во Северна Македонија, објави бугарската национална телевизија БНТ. 

БНТ јавува дека целта на оваа владина одлука е да им се помогне на организациите за подобрување на нивната инфраструктура, да се создадат можности за проширување на дејноста, за зачувување на нивниот бугарски идентитет и за присуство во јавноста во државите во кои живеат.

Парите ќе бидат распределени преку буџетот за 2020 година на бугарското Министерство за надворешни работи.

Слично

Поврзани вести