Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата во Црна Гора повторно ги намали платите

Владата во Црна Гора повторно ги намали платите
Со посебна уредба црногорската влада  повторно ги намали платиле во јавните претпријатија и акционерските друштва во кои државата има мнозински пакет на акции, бидејќи не ја почитувала доследно одлуката за намалување на платите, донесена во април 2012 година. Според уредбата, владата одлучи платите на највисоките раководители во јавните фирми да не може да бидат поголеми од две просечни плати во државата, односно од 974 евра. Врз основ ана истата уредба, заработувачките на членовите на понискиот менаџмент може да изнесуваат најмногу една и пол просечна плата. Истотака, платите ќе им бидат намалени на сите вработени, бидејќи владата оценила дека се значително поголеми од платите на вработените во државната управа. Платите на раководителите во јавните установи и акционерските друштва, со мнозински државен модел, изнесувале од илјада до 3.300 евра, покажуваат податоците од март.
Слично

Поврзани вести