Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата утре зема нов милионски кредит

Владата утре зема нов милионски кредит

Во пресрет на подмирувањето на старите долгови кое треба да се изврши во среда, владата утре ќе се задолжи за идентична сума кај домашните кредитори.

Преку аукција на државни хартии од вредност Македонија ќе се задолжи со 7,97 милиони евра.

Заклучно со декември 2015 година јавениот долг изнесува 4 милијарди 224 милиони евра, или 47 % од бруто домашниот производ, што е највисоко ниво измерено до сега.

Од почетокот на годинава, владата закажа четири аукции,а одржа три.

Последното задолжување кое требаше да се одри минатата недела беше откажано без објаснување, откако дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов кој претходно го оспори одржувањето на аукцијата најави дека ќе побара одговорност.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, обвинија  дека Наумов ја попречува реализацијата на буџетот и го крши законот за буџет за што според партијата,тој треба д апонесе одговорност.

Слично

Поврзани вести