Владата утре враќа долг по основ на стари обврски
Владата неделава од домашните кредитори позајми скоро 16 милиони евра, или за околу 2 милиони евра повеќе од она што го најави и од она што утре треба да го врати по основ на стари обврски.
Најголем дел од позајмените пари, 12 милиони евра, ќе треба да се вратат после една година, а околу 4 милиони евра ќе се отплаќаат во следните 15 години.
Јавниот долг на Македонија според Министерството за финансии, на крајот на 2016 година изнесуваше 47,8% од бруто-домашниот производ, или над 4,7 милијарди евра.
Слично
