Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата утре со ново рекордно задолжување

Владата утре со ново рекордно задолжување

Владата влегува во ново задолжување на домашен терен. Утре, преку две одделни акукции, од банките и претпријатијата планира да собере цели 118,5 милиони евра. Станува збор за две одвоени акуции на тримесечни записи со денерска и со девизна клаузула. Во исто време, веќе во среда, по основ на доспеани записи државата треба да врати 110,1 милион евра. По порамнувањето во буџетската каса би останале 8,4 милиони. За овој месец Владата планира да спроведе три аукции.

Зголемувањето на внтарешното задолжување придонесе за пораст на вкупниот Јавен долг на Централната Влада, кој во декември достигна 32,1% од Бруто Домашниот Производ. Оваа стапка на јавен долг е една од највисоките што е измерена во последните шест години.

Слично

Поврзани вести