Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата утре планира да се задолжи за 6,6 милиони евра

Владата утре планира да се задолжи за 6,6 милиони евра

По пат на продажба на две едногодишни државни обврзници, Владата утре планира да се задолжи за 6,6 милиони евра, пренесе локално.мк.

Стариот долг кој треба да го врати во среда оваа недела изнесува 5,3 милиони ера, што значи дека и по раздолжувањето, јавниот долг на Македонија ќе биде поголем за 1,3 милиони евра.

Министерството за финансии ќе плати камата од 1,7 отсто за денарските обврзници со кои планиран да прибере околу 5,8 милиони евра и 1,5 отсто камата за евро-обврзниците проектирани на 813 илјади евра.

Инаку, според месечниот календар за државни обврзници на Министерството за финансии, Македонија во септември треба да врати 40,8 милиони евра.

Слично

Поврзани вести