Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата утре ќе се задолжи за 4 милиони евра

Владата утре ќе се задолжи за 4 милиони евра

Владата најави ново задолжување за утре и планира од домашните кредитори да позајми 4 милиони евра, јави 24 Вести.

Задолжувањето ќе се прави преку продажба на државни хартии од вредност. Аукцијата е закажана за утре, каде ќе се продаваат записи со рок на доспевање од десет и петнаесет години.

До сега, внатрешниот долг на Македонија изнесува 1,2 милијарди евра и преовладуваат долгорочните задолжувања. Вкупниот јавен долг пак, достигна 3,9 милијарди евра или скоро 44% од БДП.

Слично

Поврзани вести