Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата стопираше три големи енергетски проекти на приватни инвеститори во Македонија

Владата стопираше три големи енергетски проекти на приватни инвеститори во Македонија

Владата во текот на минатата недела донела одлуки да се забрани изградбата на неколку големи енергетски проекти на приватни инвеститори со образложение дека немале „решение за одобрување на Елаборат за оцена на влијанието на животната средина“.

Една од забраните се однесува на барањето од декември 2023 на Алба Енерги Груп, фирма на косовскиот државјанин Флетон Садику, кој требаше да ja изгради најголемата домашна фотоцентрала од 200 мегавати на местото на напуштените штипски села Јамуларци и Скандалци.

Фирмата Алба Енерги Груп била основана во септември 2021 година со основачки влог од 5000 евра, а пред две и пол години беше објавено дека тогашната влада донела урбанистички план за подрачја и градби од значење за државата со кој овој инвеститор, како што беше медиумски пренесено тогаш. ќе може да изгради фотонапонски објекти од 200 мегавати. 

За Алба Енерги Груп беше напишано дека веќе урбанизирале површина од над 7 милиони квадратни метри. Катастарските податоци покажуваа дека Алба Енерги Груп заедно со контрооверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ поседуваат по половина од двете села во Штип. Засега нема ваква одлука за забрана од Владата за компанијата „Хронос Сум“ на Давидовиќ. Од опозицијата реагираа дека Давидовиќ е на американската црна листа, а власта му дозволува да реализира амбициозни енергетски планови. Од власта пак одговорија само дека „ќе сторат се што е законски можно овој контроверзен бизнисмен да не гради енергетски проекти“.

Дозвола не доби ниту барањето од април 2024 на Хек Солар МК ДОО Негрево Пехчево, фирма зад која не е јасно кој е вистинскиот сопственик. Летоска Владата му одобри на општина Пехчево да издаде огромна површина на државно земјиште под долготраен закуп според урбанистички план за изградба на фотонапонска централа, нарачан од ХЕК Солар, еден од стратешките инвеститори кои помина како неозаконет кон крајот на манадатот на минатата власт. Со електронско јавно наддавање, Пехчево требаше под долготраен закуп да додели земјиште од околу 880.000 метри квадратни во Негрево.

ХЕК Солар е бугарска фирма и една од четирите несудени стратешки инвеститори кои не добија поддршка од јавноста да бидат озаконети со специјален договор со Владата во текот на минатата година. Инвестицијата е најавувана со проценети 52 милиони евра за фотоцентрала од 75 мегавати. ХЕК Солар МК ДООЕЛ Скопје е компанија основана од ХЕК СОЛАР ЕООД Бугарија, а до лани беше претставувана како компанија која во 12 земји инвестирале во изградби на фотоцентрали. Беше пишувано дека основач на бугарската компанија е Владимир Табутов, кој своевремено стана нов пратеник во бугарскиот парламент од Благоевград од редовите на партија што беше дел од тогаш новата бугарска влада. Во моемнтов управител е Бојан Славев Табутов. Во македонската фирма-ќерка подеднаков удел од 45 отсто има и „АТИЛ ТРАДИНГ ЛИМИТЕД“, а 10 проценти сопственост има и Мибо Солар која се води на име на скопскиот адвокат Даниел Георгијевски.

„Забрана“ на барањето од мај 2024 доби и Грандсолар, која најавуваше огромна фотоцентрала во Долнени, но во јавноста нема податоци за тоа кој е вистинскиот сопственик. Грандсолар Долнени најавуваше огромна фотоцентрала од 310 мегавати во пелагонискиот регион.

А.К.


Слично

Поврзани вести