Владата стана мнозински сопственик на ЕМО
Владата доминантен сопственик на над 51 отсто од капиталот на ЕМО АД, Охрид, откако компанијата издаде акции во корист на Владата со кои беше пребиен долг кон државата во износ од 4,16 милиони евра.
Комисијата за хартии од вредност одобрила упис за 143.934 акции со право на глас во сопственост на Владата на Република Македонија. Акциите Владата ги добила во посед заради трансформација на државен дол на А.Д.ЕМО во траен влог во акции на компанијата. Трансформацијата е направен согласно со законот за трансформација на обврските на ЕМО и капитално поврзаните друштва по основа на јавни давачки, соопштуваат од компанијата.
Ова значи дека долгот на ЕМО АД кон Владата, во износ од 4,16 милиони евра, е претворен во акции, по што вкупниот број на акции на компанијата од трите емисии изнесува 758.860. Од нив пак Владата, сега поседува 391.219 акции или точно 51,55 отсто од вкупниот број.
Според официјалните податоци од Централниот депозитар на хартии од вредност ЕМО има вкупно 683 акционери. Од нив 622 се домашни физички лица кои поседуваат 8,3 отсто од акциите, 41 странско физичко лице поседуваат 1,5 отсто од акциите, а 7 домашни фирми делат околу 7 отсто од акциите, а 11 странски фирми делат 11,5 отсто од акциите на компанијата.
Слично
