Владата со поголеми службени трошоци во 2020: Османи, Спасовски, Царовска и Бектеши со поголеми сметки
Владата ги ажурираше податоците во алатката за отчетност за службените трошоци на институциите и функционерите, при што добиена е целосната слика за овие расходи во текот на сите месеци од 2020.
Може да се забележи дека целокупно Владата, министерствата и секретаријатите потрошиле 14,85 милиони денари за службени трошоци, или околу 1,5 милиони денари помалку во однос на една година претходно. Сепак, најголемиот потрошувач - Владата има повеќе потрошени средства за 25.000 денари во година на пандемија, техничко владеење и избори.
Покрај Владата, во однос на една година претходно повеќе потрошиле функционерите на министерствата за култура, за внатрешни работи и за животна средина. Зголемување на прикажаните трошоци има и министерството за политички систем, но тоа е разбирливо ако се знае дека започна со работа во текот на 2019. Забележително е тоа што министерот за здравство Венко Филипче не пријавил никакви трошоци лани.
Бујар Османи, министерот за надворешни работи, кој во 2019 беше вицепремиер за евроинтеграции, втора година по ред е на врвот со најмногу службени трошоци. Ако во 2019 потрошил 1,560 милиони, во 2020 прикажани му се 1,718 милиони денари. На второто место е Оливер Спасовски, кој дел од 2020 беше технички премиер, со 1,57 милиони денари, додека во 2019 имал само нешто повеќе од 21.000 денари. Трет е Никола Димитров, уште еден дипломат по Османи, со 1,23 милиони денари. На Димитров му се намалени трошоците за двестотини илјади денари.
На четвртото место е Зоран Заев, кој дел од 2020 не извршуваше никаква фунцкија во техничката влада, со 524 илјади денари. Неговите трошоци се речиси трикратно намалени за една година. Понатаму следуваат Мила Царовска, министерката за образование со 516.000 денари и Крешник Бектеши, министерот за економија, со 453.000 денари. И кај двајцата има зголемување на службените расходи за 215, односно за 73 илјади денари.
Најмногу трошоци биле платени за угостителските услуги во рамки на институциите, каде се потрошени 4,8 милиони денари, а таму предничат Спасовски, Заев и Царовска со еден милион, односно со 392 илјади денари вториот и 292 илјади денари третата. За трошоци кај надворешни угостители биле потрошени 2,45 милиони денари, а тука предничат Османи со 558, Димитров со 211, Адем Авзиу, поранешниот државен секретар во министерството за информатичко општество и администрација, со 168 и првиот вицепремиер Артан Груби со 146 илјади денари. Трет најголем издаток се авионските билети од 2,125 милиони денари, каде очекувано предничат Османи, Димитров и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Владата неодамна ја усвои одлуката за начинот на користење и висината на финансиските средства за угостителски услуги, со која се ограничуваат трошоците за услуги во угосителски објекти во државата при одржување на работни состаноци. Со оваа одлука, покрај именуваните функционери, ќе бидат опфатени Премиерот, министрите, Генералниот секретар на Владата и нивните заменици, како и државните секретари,
A.K.
