Владата со поддршка од 2,2 милиони евра за иновациски развој на компаниите
Владата апелира компаниите да ја искористат можноста да добијат грант за реализирање на иновативна бизнис идеја преку преку Фондот за иновации и технолошки развој.
Конкурсот за доделување грантови преку Фондот за иновации е отворен до 18 следниот месец. На него може да аплицираат старт ап и спин оф компании со идеја за нов производ и за нешто ново со некоја иновација.
Иновацискиот развој на компаниите, посочува Груевски, Владата годинава го поддржува со 2,2 милиони евра. Со тековниот конкурс компаниите ќе добијат до 30.000 евра за иновативен проект, односно вкупно 600 илјади евра.
- Ги повикувам сите компании и сите поединци коишто имаат идеја, коишто имаат иновација да не го пропуштат ова и да се обидат да го стават во форма во која се очекува преку бизнис план и тн. да го достават до Фондот за иновации каде што специјална комисија составена од меѓународен борд ќе одлучува кои од нив треба да се прифатат, а кои не. Ги повикувам сите да ја искроистат или да се обидат да ја искористат оваа шанса, затоа што првпат во Македонија државата доделува ваков вид грант, изјави Груевски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Агенцијата за катастар на недвижности.
