Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата со државниот испит подготвена да го ризикува личниот рејтинг

Владата со државниот испит подготвена да го ризикува личниот рејтинг
Позитивните информации добиени од јавните расправи за воведувањето државен испит на високообразовните институции во државата се вградени во предлог-законот, информира денеска премиерот Никола Груевски. Државниот испит, нагласи Груевски, ќе овозможи поквалитетен високообразовен кадар, а за студентите што учат смета дека нема да имаат проблеми со полагањето. - Не би сакал еден ден да се изгради зграда која ќе падне затоа што ја изградил градежен инженер, кој си ја купил дипломата, рече Груевски. На последната Владина седница, потсети дека беше овозможено кај  20 отсто од испитите да не мора да има 60 отсто одговорени прашања туку да може и со половина од тоа да се положи испитот. - Исто така овозможивме три до четири други олеснувања што ги немаше во првата верзија, истакна Груевски Тој вели и дека во целата оваа работа влегуваат со една многу благородна и здрава мисла, и оти се спремни да го ризукуваат личниот рејтинг.
Слично

Поврзани вести