Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата со 60 илјади евра ќе ги одржува рудниците Тораница и Злетово

Владата со 60 илјади евра ќе ги одржува рудниците Тораница и Злетово

 Одржувањето во рудниците Тораница и Злетово го презеде Владата која на денешната седница донесе одлука за финансирање на истите со 60 илјади евра .

Премиерот на преодната влада Емил Димитриев денеска се сретна со претставници на погоренаведените рудници и ја најави оваа одлука. Тој ја искажа обврската за грижење на рудниците во време кога се нема концесионер.

„Имаме правен основ, уште повеќе и обврска да се грижиме за одржување на рудниците до нивната продажба и добивање нов сопственик, појасни Димитриев.

Димитриев соопшти и дека е објавен повик за доделување концесија за минералните сурови, кој треба да заврши на 14 март, а после два дена, односно на 16 март ќе следи јавна аукција на која ќе се избере компанијата која ќе ги добие на концесија минералните суровини

Засега и Владата и рударите се оптимисти во однос на рестартирањето на рудниците, и надевање дека во овој период ќе има подигање на тендерска документација и аплицирање за јавната аукција на средина на март.

Слично

Поврзани вести