Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата следната недела ќе носи три антикризни мерки против ценовните шокови

Владата следната недела ќе носи три антикризни мерки против ценовните шокови

Владата планира следната недела да донесе три антикризни мерки против ценовните шокови, објави Алсат ТВ.

Според сознанијата на телевизијата, се очекува интервенција во цената на маслото за јадење која би се намалила за 7 до 8 денари, ќе се укинува таканаречениот рабат, а ќе биде предложенo ограничување на дополнителните трошоци на 10 и 20 проценти за одредени производи, како што е на пример транспортот. 

Власта првично не планираше да носи нови мерки, но по анализите дека некои трговци и производители манипулираат, се одлучи повторно да интервенира. 

Предлозите за нови мерки се очекува да бидат разгледувани на владина седница следниов вторник.


Слично

Поврзани вести