Владата сепак не размислува да воведе кризен данок
Владата не размислува да воведе кризен данок, рече премиерот Зоран Заев.
Но, се анализираат другите даноци. Заев вели дека кризен данок не ни треба сега. Објасни дека засега има добра наплата на даноци и дека државната каса е во добра кондиција.
„Не размислуваме за воведување на нови даноци. Пораката е дека ќе обезбедиме стабилни даноци и ништо нема да правиме изненадувачки што и да се случува во државата, сме го ветиле тоа пред граѓаните и коморите. Целта е државата да ги собира своите приходи преку борба со сивата економија и верувам дека ќе бидеме успешна приказна во позитивниот натпревар во регинот“, изјави Заев.
Заев ги издвои измените на данокот на имот кои предвидуваат повисоки стапки за оние кои имаат поголем имот.
Од ВМРО-ДПМНЕ претходно обвинија дека во Министерството за финансии се заговара воведување на кризен данок, по примерот на воениот данок во 2001 година. Според нив, тоа ќе ги осиромаши граѓаните.
