Владата се задолжи повеќе од планираното
Наместо планираните 3,2 милиони евра, владата денеска се задолжи со 4,3 милиони евра кај домашните кредитори.
Од Министреството за финансии засега нема информација за што ќе се користат овие пари, бидејќи нема доспеани записи за раздолжување.
Претседателот на комисијата за финансии на СДСМ, Кире Наумов, нагласи дека учесниците на домашниот пазар треба да имаат во предвид дека ниту една одлука донесена од министерот за финансии, Зоран Ставрески, не му е доставена на дополнителниот заменик-министер за согласност и потпис.
Во Управниот суд во тек е постапка по тужбата поднесена од Наумов, а во врска со задолжувањата на домашниот пазар.
Слично
