Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата се задолжи дупло од планираното – нови 4,4 милиони евра долг

Владата се задолжи дупло од планираното – нови 4,4 милиони евра долг

Наместо планираните 2,2 милиони евра, Владата вчера се задолжи двојно повеќе од планираното.

Преку аукција на еден државен запис и две државни обврзници, државата се задолжи за 4,4 милиони евра. Од едногодишни државни записи, од домашниот финансиски пазар беа позајмени 2,6 милиони евра, а преку издавање 10-годишни и 15-годишни обврзници уште 1,9 милиони евра.

Дел од парите ќе треба да се вратат а една година, а дел во 2025, односно 2030 година.

Според календарот на министерството за финансии, во август се планирани уште две задолжувања на домашниот пазар, а до крајот на месецот државата треба да врати 21,3 милиони евра.

Инаку, јавниот долг на Македонија достигна 4 милијарди евра или 43,7% од БДП.

Слично

Поврзани вести