Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата се задолжи без да каже на што ќе ги потроши парите

Владата се задолжи без да каже на што ќе ги потроши парите

Владата го реализираше новото задолжување на домашен терен.

Министерството за финансии денеска ги задолжи граѓаните за 1,2 милиони евра а засега нема објаснување на што ќе бидат потрошени овие пари, бидејќи и покрај тоа што се задолжуваме речиси втора недела не доспеваат државни хартии од вредност за враќање.

За на трети мај Владата најави ново задолжување.

Со реакција и предупредување денеска повторно се јави Дополнителниот заменик министер за финансии во оставка, Кире Наумов

Тој вели дека финансиската состојба дополнително ги усложнила и  одлуките на меѓународните финансиски институции да прекинат со кредитирање до завршувањето на изборите.

„Доколку Министерот за финансии ги прифатеше моите сугестии сите задолжувања да бидат со заедничка согласност, како со издавањето на еврообврзницата, довербата кај странските кредитори немаше да биде нарушена“, посочува Наумов.

Наумов исто така посочува на стабилноста на банкарскиот сектор која макотрпно е градена во последните 25 години и вели дека не смее да биде нарушена заради самоволните одлуки на власта во заминување.

Слично

Поврзани вести