Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЛАДАТА СЕ ВКЛУЧУВА ВО СЛУЧАЈОТ CARREFOUR: Кој е виновен за пропаста?

ВЛАДАТА СЕ ВКЛУЧУВА ВО СЛУЧАЈОТ CARREFOUR: Кој е виновен за пропаста?
Удар за и онака кревкото стопанство - вака дел од стопанските комори го толкуваат затворањето на Хипер маркетот Carrefour  во Скопје Сити Мол. Над десетина милионио евра останал должен Carrefour  кон фирмите членки на комората на Северозападна Македонија, се проценките на првите луѓе на оваа комора. Ако Владата промовира инвестиции, редно е кога тие ќе си заминат активно да се вклучи во наожање решение за раздолжување, сметаат од комората. Бараат во целиот случај да се вклучи УЈП и Финансиска полиција, за да се испита како работела фирмаа што стопанисуваше со Carrefour . Владата најави дека во рамките на своите надлежности ќе се вклучи во случајот. Како што Фактор напиша, дел од банките веќе ги активираче хипотеките кон Carrefour откако фирмата подолго време не ги извршуваше своите обврски. Инаку пропаста на овој странски бренд предизвика и политички реакции. СДСМ го обвини ВМРО ДПМНЕ дека со ова се докажува дека „Македонија е далеку од рај за бизнис, како што претставува владеачката партија“. „Тоа е смешно и апусрдно“, возврати ВМРО ДПМНЕ. Инаку во Македонија во последниов период, освен што се потпишуваат договори со нови инвеститори, има и такви кои од овие или оние причини си заминуваат. Свед Милк пропадна, Мекдоналд ги затвори своите дуќани, Вистеон најави заминување.
Слично

Поврзани вести