Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата размислува да гради нуклеарка, но за тоа ќе ги праша граѓаните

Владата размислува да гради нуклеарка, но за тоа ќе ги праша граѓаните
Владата нема изработено нуклеарна енергетска програма, но доколку се одлучи за тоа, ќе се спроведе референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали го поддржуваат тоа или не, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски на Меѓународната работилница за регионална и прекугранична соработка во енергетиката и нуклеарната енергија. - Македонија нема нуклеарна енергетска програма и се уште нема донесено одлука да отпочне со нуклеарна програма во сопствени или регионални проекти, но Владата во континуитет ги следи меѓународните трендови и случувања во оваа област, а посебно е заинтересирана за регионалните трендови и за соработка со соседните земји на оваа поле - рече Пешевски. Но, рече тој, формирана е група во ЕЛЕМ која треба да спроведе истражувања и да ги следи регионалните и светските трендови во нуклеарната енергетика. Исто така е воспоставена соработка со Меѓународната агенција за атомска енергија во делот на почетните сознанија кои една држава треба да ги има за нуклеарната енергетика.
Слично

Поврзани вести