Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата преживеа, Грција добива нова помош од половина милијарда евра

Владата преживеа, Грција добива нова помош од половина милијарда евра
Европската инвестициска банка (ЕИБ) ќе ја поддржи Грција со уште 550 милиони евра. Станува збор за средства од кои ќе се финансира изградбата на нови патишта и ќе се поддржуваат мали и средни претпријатија. Договорот беше потпишан денеска во Атина од претставници на грчките банки и ЕИБ, пренесоа агенциите. „Ова е уште еден чекор кон создавање на работни места", изјави грчкиот министер за финансии, Јоанис Стурнарас. 60% од младите луѓе се во тешка криза и се невработени. Европската инвестициска банка и има помогнато на Грција, од 2012 година со повеќе од 1,5 милијарди евра. „Грција има потреба од раст и вработување", изјави претседателот на меѓународната банка Вернер Хојнер по потпишувањето на договорот. Програмата во Грција ќе тече под мотото „Работни места за млади луѓе". Претходно во раните утрински часови пропадна обидот на опозициската СИРИЗА за да се изгласа недоверба на владата. Со мнозинство од 153 гласа против предлогот за недоверба, владата на Нова демократија и ПАСОК ја доби довербата на грчкото собрание и остана на власт. Расправата за недовербата на владата се претвори во сакрастично надмудрување меѓу лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, грчкиот премиер Андонис Самрас и потпретседателот на владата и лидер на ПАСОК, Евангелос Венизелос. Самарас и пред и по гласањето испрати порака дека не планира предвремени избори, односно дека ќе се бори грчката влада да го отслужи четиригодишниот мандат, до  2016 година.
Слично

Поврзани вести