Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата преживеа

Владата преживеа
Собранието не изгласа недоверба на Владатa. За недоверба гласаа 42, а против 68 пратеници. Воздржани немаше. Во завршниот говор премиерот Груевски, кој често пати правеше паралели помеѓу неговото и владеењето на Црвенковски ја праша опозицијата: “Нашите најавени силни мерки во економијата, елиминирањето на доцнењата на ДДВ-то, оргомните инфраструткурни објекти, автопати, гасоводи и централи за 2013 година, зголемувањето на пензиите и очекувањето дека Европската комисија ќе даде најпозитивен извештај досега, се причините за интерпелацијата. Тоа ви сметаше, но за вашата одговорност сами треба да се свестите. Слушнав денеска многу празни зборови и многу искривени тези, но тие говорат за оние што ги изнесуваат. Јас зборувам јасно и со факти, посочи премиерот.Зошто не обезбедивте визна либерализација за граѓаните, имавте 4 години власт , зошто не го решивте името? Мојата препорака до пратениците е да гласаат  по сопствено убедување, а резултатите се однапред  јасни“. Во текот на расправата генерален став на опозицијата беше дека Владата е во криза, меѓуетничките односи се загрозени, а економската состојба се полоша. За владејачкото мнозинство, пак, целта на СДСМ преку поднесувањето на интерпелацијата не е да се спроведат избори, туку повторно, по секоја цена да се девалвираат и критикуваат институциите и Владата, како и да се фрли сенка врз очекуваниот позитивен Извештај за напредокот на земјава од Европската комисија.
Слично

Поврзани вести