Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЛАДАТА ПРЕЗЕМА МЕРКИ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ: Дурмиши вели дека се прават политики да се мотивираат да се вратат

ВЛАДАТА ПРЕЗЕМА МЕРКИ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ: Дурмиши вели дека се прават политики да се мотивираат да се вратат

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, изјави дека Владата презема мерки за намалување на иселувањето и за поттикнување на враќањето на граѓаните од странство.

Говорејќи во емисијата Бизнис21 на ТВ21, Дурмиши посочи дека иселувањето е процес кој започнал многу порано, но дека институциите работат на политики со кои ќе се мотивираат иселениците да се вратат во земјата.

Тој нагласи дека постојат мерки за финансиска поддршка за лицата кои подолго време живеат во странство и сакаат да се вратат и да започнат бизнис во Македонија.

„Во законот постои поддршка за инвестиции за сите луѓе што се надвор од земјата најмалку пет години и сакаат да се вратат. Ќе добијат финансиска поддршка за да инвестираат и да развијат бизнис тука. Преземаме мерки да вратиме што поголем број граѓани“, изјави Дурмиши.


Слично

Поврзани вести