Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата препорача пензиите да се исплатат од 27 до 30 јули

Владата препорача пензиите да се исплатат од 27 до 30 јули

Владата даде препорака пензиите да се исплатат од 27 до 30 јули. 

Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со јулските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27-ми месецов, како и да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи по распоред составен според висината на пензијата. 

На 88-та седница на Владата е усвоена Информацијата за исплата на пензии за јули 2021, а  Фондот на пензиското и инвалидското осигурување добил задолжение да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26-ти месецов.

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата треба да се изврши на 27.07.2021 (вторник),  а за тие со износ од 11.001-14.000 денари на 28.07.2021 (среда). Пензиите со износ од 14.001 до 18.000 денари, според препораката, треба да се исплаќаат на 29.07.2021 (четврток), а над 18.001 денари – на 30.07.2021  (петок).

Слично

Поврзани вести