Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата позајми 5.3 милиони евра од домашните кредитори

Владата позајми 5.3 милиони евра од домашните кредитори
Владата се задолжи за 5,3 милиони евра кај домашните кредитори. Ова е за 2,5 милиони евра помалку од планираното. Од почетокот на годинава на сите претходни аукции на државни хартии од вредност, Министерството за финансии се задолжуваше повеќе од планираното. Министерството за финансии утре треба да врати во стопанството по основ на доспеани долгови 5,1 милион евра, а за една седмица по истиот основ за враќање доспеваат над 2,7 милиони евра. Следната аукција ќе се одржи на осми март. Дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов постојано ги предупредува банките да бидат претпазливи кога позајмуваат пари на Владата.
Слично

Поврзани вести